Дома Фудбал Италија Конте му ја промени позицијата на Ериксен: Очекувам многу!

Конте му ја промени позицијата на Ериксен: Очекувам многу!

Тренерот на Интер, Антонио Конте откри дека на тренинзите му ја променил позицијата на Кристиан Ериксен на позиција последен играч за врска пред одбраната.

Ериксен минатата година пристигна во Интер како големо засилување, но не се вклопи во формацијата на Конте и силно се шпекулира дека може да си замине до крајот на преодниот рок.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Конте сега му најде нова позиција на теренот и тврди дека има големи очекувања.

„Ериксен? Во кариерата еден фудбалер има убави и не толку убави моменти, но треба да покаже карактер и да ги надмине потешкотиите. Работевме со Ериксен на тактико ниво за позицијата плејмејкер, каде во моментов игра Брозовиќ. Очекувам големи нешта од него на таа позиција“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Контроверзниот сопственик на Наполи предлага револуција

Се редат реакции по катастрофата на фудбалската репрезентација на Италија во Босна и Херце…