Дома Топ вести Конте кажа ДА – Италијанецот го презема Милан

Конте кажа ДА – Италијанецот го презема Милан

Италијанските медиуми со сигурност тврдат дека Антонио Конте ќе биде новиот кормилар на Милан и неговото назначување е само прашање на време.

Најеминентните италијански весници „Газета дело Спорт“ „Кориере дело Спорт“ и „Тутоспорт“ пренесуваат дека Конте веќе му кажал ДА на Милан и ќе биде заменик за Џенаро Гатузо на „Сан Сиро“.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Новите сопственици комплетно го променија раководството на клубот, а со тоа и плановите, па нивна желба е на клупата да донесат тренер од светска класа.

Новиот директор Леонардо веќе ги договорил деталите со Конте за кого е спремен 4-годишен договор тежок 6,5 милиони евра по сезона.

Конте во моментов е во преговори со Челзи за раскинување на договорот откако неодамна доби отказ. Во Милан чекаат двете страни да постигнат договор околу бонусот кој треба да го добие Италијанецот, а потоа го чека столчето на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…