Дефанзивецот на Интер, Стефан де Вриј на крајот на сезоната би можел да го напушти миланскиот гигант, пренесуваат италијанските медиуми.
Договорот на Де Вриј со Интер истекува во јуни 2023 година, нема најава за негово продолжување, па Холанѓанецот на лето ќе влезе во последната година од договорот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Интер е спремен да го продаде, а Тотенхем сака да ја искористи шансата и веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Најголема желба на Конте е токму Стефан де Врај, бидејќи сака да ја засили одбраната.
Тотенхем му нуди 4-годишен договор и плата од 6,5 милиони евра, а Интер за неговата слобода бара помеѓѕ 25 и 30 милиони евра.