Дома Фудбал Останато Конте ги разочара фановите – Дали најави заминување?

Конте ги разочара фановите – Дали најави заминување?

За само една сезона, Антонио Конте во Челзи успеа да го рехабилитира клубот и да стигне до титулата во англиското првенство.

Италијанецот за кратко време стана идол помеѓу навивачите на „сините“, клубот од Лондон долго време чекаше на тренер што ќе го сакаат барем колку Мурињо и кои со своето оригинално однесување ќе го засени Португалецот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа, Конте и покрај тоа што има огромна поддршка од навивачите, нема адекватна поддршка од клубот. Иако направи чудо во минатата сезона, тој сеуште нема доволен „кредит“ да носи важни одлуки за својот тим како што го прават тоа Мурињо во Јунајтед, Гвардиола во Сити, Клоп во Ливерпул, Венгер во Арсенал…

Конте може да има планови и желби, но на крајот одлучува сопственикот Роман Абрамович кој често пати носи одлуки после консултирањето со директорите, Еменал и Грановскај. Токму поради тоа Конте би можел да „дигне раце“ од Челзи како што тоа го направи и во Јувентус каде што не можеше да се договори со управата.

„Без дилеми, ми недостасува Италија. Не е во мојот менталитет да живеам долго надвор од мојата држава. Италија е моја земја и ќе се вратам. Не знам кога, но планот е таков“, најави Италијанецот.

А каде би можел Конте после Челзи, не знае ниту тој самиот…

„Кина? Апсолутно не! Бундеслигата? Тешко е да ја предвидите иднината… Тренерската работа е нешто како сезонски работник, ова е една од најризични работи. Се зависи од резултатите. Денес си тука, утре кој знае каде. Јас имам желба да завршам успешна работа, да бидам успешен во еден проект и потоа да преминам на нов“, изјави Конте.

Според оваа изјава, Конте веројатно нема намера долго да се задржува во екипата на Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…