Српскиот фудбалер, Немања Матиќ најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед во текот на зимата.
Оваа сезона, Матиќ е незадоволен од минутажата која му ја даде Солскјер и одлучен е во намерата да го напушти „Олд Трафорд“, особено дека не му беше понудено продолжување на договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите на Островот пишуваат дека трансферот на Матиќ би можел да се случи во јануари, а следната дестинација најверојатно ќе биде Серија А.
Стратегот на Интер, Антонио Конте притиска за доаѓање на Србинот на „Џузепе Меаца“ уште во јануарскиот преоден рок.
Интер во летниот преоден рок веќе донесе двајца фудбалери од Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку и Алексис Санчез, па има одлична соработка со „црвените ѓаволи“.