
Медиумите на Островот пренесуваат дека раководството на Тотенхем испратило порака до четворица играчи да си бараат нови клубови.




Како што се наведува во прашање Тангу Ндомбеле, Џовани Ло Село, Серхио Регулион и Хари Винкс. Сите заедно имаат вредност од околу 100 милиони евра, меѓутоа не се во плановите на Конте.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Ндомбеле во Тотенхем стигна во 2019 година за 77 милиони вера од Лион, но никогаш не успеа да се наметне. Се поврзуваше со Њукасл, но според последните информации менаџерот Еди Хау не е конкретен.




Ло Селсо сезоната ја помина на позајмица во Виљареал, меѓутоа во „жолтата подморница“ не импресионираше и шпанскиот клуб не сака да го откупи по претходно договорените услови.




Регулион и Винкс играа под водство на Италијанецот, но по доаѓањето на Бисума и Перишиќ за нив нема место.