Дома Фудбал Останато Конте во судир со играчот на Севиља: Ќе те чекам по натпреварот! ?

Конте во судир со играчот на Севиља: Ќе те чекам по натпреварот! ?

Севиља вчера во Келн го победи Интер со 3:2 и така по шести пат го освои трофејот во Лигата на Европа.

Во текот на натпреварот можеше да се забележи нервозниот Антонио Конте кој во еден момент влезе во конфликт со играчот за врска на Севиља, Евер Банега и поради тоа доби жолт картон.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Конте прв почна да го исмејува Банега со гестикулација за неговата скромна висина од 170 сантиметри. Банега му возврати така што помина со прст по главата и му одговорил: „Дај да видам дали периката ти е вистинска“. Ова Банега му го кажа на Конте поради пресадувањето коса на Италијанецот.

Тренерот на Интер тогаш полуде и тргна кон играчот на Севиља, а камерите го уловија како покажува кон Банега и му  порачува: Ќе те чекам по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ваква понуда фудбалот не памети: Јамал во сензационален трансфер може да ја напушти Барселона!

Шпанските медиуми утрово пренесоа сензационална вест за интересот на Манчестер Сити за Лам…