Дома Фудбал Италија Конечно осуден инспекторот кој направи пекол од животот на Кваљарела

Конечно осуден инспекторот кој направи пекол од животот на Кваљарела

Италијанскиот фудбалер Фабио Кваљарела помина низ вистински пекол во претходните години.

Кваљарела е роден во близна на Неапол и од мали нозе беше навивач на Наполи. Сон му беше да го носи дресот на овој клуб и тоа му се оствари во 2009 година кога потпиша за овој клуб. Сепак ги разочара навивачите кога премина во Јувентус.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За навивачите на Наполи тоа беше големо предавство и преку ноќ стана најомразена личност во Неапол. Кваљарела секојндневно добиваше разни навреди од страна на навивачите на Наполи кои не знаеле што се случува.

Јавноста не знаеше поради што Кваљарела премина во Јувентус и се тоа тој го чуваше во себе. Имено, секојдневно добивал закани по живот од анонимно лице да го напушти Неапол.

Кога конечно се заврши, Кваљарела јавно пред камерите заплака и кажа што се случувало и зошто си заминал од Наполи. Ова беше шок за навивачите на Наполи и веќе во наредниот натпревар против Наполи доби емотивен пречек во кој фановите побараа прошка од него.

За работата да биде полоша подоцна е откриено дека на Кваљарела му се закнувал полицискиот инспектор Рафаеле Пиколо кој иронично бил задолжен за тој случај. На крајот откриено е дека Пиколо стоел зад сето тоа и Кваљарела поднел тужба.

Судот во Неапол вчера конечно донесе пресуда и Пиколо беше осуден на затворска казна од 4.5 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меси: Барселона е мојот дом и ќе се вратам еден ден

Лионел Меси во моментов игра за Интер Мајами, но по завршувањето на кариерата ќе се врати …