„Газета дело Спорт“ пишува дека Јувентус започнал преговори за враќање на италијанскиот ветеран и голгетер Фабио Кваљарела.
Фабио Кваљарела кон крајот на месецот ќе наполни 38 години. Веќе четири години Кваљарела игра четири години во Сампдорија и овој негов клуб е деветти во карирата во која на 626 натпревари постигна 224. Од тие 224 дури 171 се во Серија А.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кваљарела во сезоната 2018/2019 со 26 голови беше најдобар стрелец во италијанското првенство, а влезе и во историјата на репрезентацијата на Италија како најстар стрелец во „Аѕурите“.
Ако Кваљарела премине во Јувентус тоа ќе биде негов втор мандат во овој клуб, претходно за „старата дама“ настапуваше од 2010 до 2014 година.