Maкедонската фудбалска репрезентација денес го одигра натпреварот против Лихтенштајн во рамките од квалификациите за Светското првенство во кој ја оправдавме фаворитската улога.
Од самиот почеток на натпреварот го наметнавме нашиот стил на игра, се редеа шанси пред голот на домаќините, Чурлинов ја погоди пречката од неколку метри откако беше изблокиран неговиот удар. До водство конечно стигнавме во 38. минута кога по една мешаница и повторно погодена статива Дарко Велковски најдобро се снајде во петерецот и ја смести топката во мрежата. Со минимална предност заминавме на полувреме.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И во второто полувреме сликата не се промени, ние доминиравме и создававме шанси.
Вториот гол од пенал кој го изнуди Адеми го постигна Езгјан Алиоски. На 20 минути до крајот во игра влезе Бобан Николов на местото на Адеми. Николов само четири минути подоцна постигна одличен гол откако се ослободи од противничкиот чувар. Две минути подоцна во македонската репрезентација дебитираше Ердал Ракип, а треба да се спомене и дебито на Бојан Миовски кој го одигра последниот половина час. Конечните 4:0 ги постави Чурлинов на седум минути пред крајот.
Со оглед на тоа дека Романија изгуби од Германија, а Ерменија и Исланд одиграа реми 1:1. Македонија сега во групата е втораљ со ист број на бодови со Ерменија, но ние имаме подобра гол разлика.
Во следното коло Македонија дома, во понеделник (11. октомври) ја пречекува Германија.
Фото: ФФМ