Крај на сагата, Џиџо Донарума и дефинитивно останува во Милан откако и официјално стави потпис на нов четири годишен договор со клубот.
„Милан информира дека го продолжи договорот со Џанлуиџи Донарума до 30. јуни 2021 година“, стои во соопштението на клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според италијанските медиуми, Донарума со новиот договор ќе заработува шест милиони евра по сезона.
Тоа со голема радост беше примено од сите навивачи на „росонерите“, управата како и од тренерот Винченцо Монтела кој во свој стил ја искоментира целата оваа драма со бисерот на италијанскот фудбал.
„Ова беше долга сапунска опера, но најважно беше да дојдеме до финалниот резултат. Џиџио ни е како син, сега ќе му биде потребна поддршка да биде уште пофокусиран и подобар. Срекен сум и мислам дека ова е вистински избор за него. Во последните денови ситуацијата го зема овој правец“, истакна Монтела.