Дома Фудбал Италија Конечна одлука: Службена победа за Јувентус, на Наполи ќе му биде одземен бод

Конечна одлука: Службена победа за Јувентус, на Наполи ќе му биде одземен бод

Раководните луѓе на италијанската Серија А денес донесоа конечна одлука за неодиграниот натпревар помеѓу Јувентус и Наполи.

Натпреварот требаше да се одигра на 5-ти октомври, но Наполи не пристигна во Торино бидејќи имаше двајца играчи позитивни на Ковид 19.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според правилата на Серија А натпреварот не се одложува доколку еден од тимовите нема 10 или повеќе позитивни играчи, но Наполи тврдеше дека му било забрането да патува од локалните здравствени власти.

Денес Лигата донесе конечна одлука и реши натпреварот да биде запишан со службена победа на Јувентус од 3:0.

Притоа, на Наполи ќе му биде одземен еден бод бидејќи ги прекршил правилата и протоколот на Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дел Пиеро остро го нападна италијанскиот фудбал

Легендарниот капитен на Јувентус и италијанската репрезентација Алесандро Дел Пјеро во еми…