Капитенот на Манчестер Сити, Венсан Компани стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина.
Неговиот договор со Манчестер Сити истекува на крајот на сезоната, но тој е убеден дека ќе продолжи да игра на „Етихад“ и следната сезона.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Минатиот месец медиумита на Островот објавија дека двете страни преговараат за нов договор, но се уште не можат да најдат заеднички јазик.
„Ќе играм тука следната сезона. Се друго е шпекулација. Јас сум дел од семејството, па затоа ќе се договориме како семејство. Можеби не се согласуваме за некои нешта, но тоа нема да ја промени нашата врска. Но, ова не е приоритет сега“, изјави Компани.
Белгиецот ја игра својата десетта сезона на „Етихад“, но во последните две сезони има големи проблеми со повредите.
Сепак, „граѓаните“ сметаат дека тој е многу важен како на теренот, така и во соблекувалната, па сакаат да остане и му предложија нов договор.