Дома Македонски спорт Компани го фали Чурлинов: Полн е со енергија, има голем потенцијал!

Компани го фали Чурлинов: Полн е со енергија, има голем потенцијал!

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов неодамна потпиша за Барнли каде што ќе игра во новата сезона.

Во Барнли Чурлинов пристигна на големо инсистирање на тренерот на англискиот тим Венсан Компани кој во минатото беше капитен на Манчестер Сити. За Чурлинов Барнли на Штутгарт му плати 3.5 милиони евра и плус 1.5 милион ќе бидат исплатени преку бонуси.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Сега за Чурлинов пристигнаа пофалби од Компани.

„Дарко е полн со енергија, веднаш можете тоа да го забележите. Не е лесно така брзо да се вклопи нов фудбалер, а посебно затоа што имаме повеќе нови. Чурлинов е фудбалерот кој го посакував и во него има голем потенцијал за напредок“, изјави Компани.

Во досегашната кариера Чурлинов играше сам ово Германија, а сега пред него е нов предизвик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…