Интервјуто на Дарко Панчев за српски „Би-Би-Си“ крена голема прашина во македонската јавност.
Панчев повторно потенцираше дека во Македонија, а и воопшто не нема „нов“ Дарко Панчев, а освен тоа и го омаловажи успехот на Вардар изјавувајќи дека ретко кој гледа ракомет во Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Да се споредуваат ракометот и фудбалот е како да споредувате професор од средно школо во Скопје со Ајнштајн. Кој гледа ракомет во Европа?“, изјави Панчев па потоа додаде дека ја разбира радоста на македонскиот народ.
„Нашиот народ е желен за успех. Ако играме финале на Европско првенство во куглање и ако имаме голема сала таа би била полна. Но, сепак кога сте виделе 10 деца во школскиот двор да се соберат и да играат ракомет?“
Целото интервју на Панчев можете да го прочитате – тука.
На ова негово интервју сега стигна реакција од Комити.
„Дарко Панчев…
Ниту еден навивач на Вардар ниту вљубеник на бубамарата не може да остане рамнодушен кога ќе го слушне ова славно име. Веројатно најголемото име кое е поврзано со името Вардар. Единствен Македонец носител на Златната копачка, најдобар стрелец во Европа. Титула која неправедно не му беше доделена своевремено, иако чесно ја освои, се до скоро кога таа неправда се исправи.
Многу приказни и сеќавања каде сите бевме горди на неговите постигнувања и откако си отиде од Вардар.
Дел од првата шампионска генерација на Вардар која во сезоната 1986/87 ја освои единствената шампионска титула во старата држава, оспорена од ФСЈ но признаена од УЕФА…
Многу епитети и суперлативи за спортските постигнувања во минатото. А сега?
Промовирањето на Срамниот Референдум каде беше не само против ставот на Комити, туку против ставот на Македонците и на погрешната страна на историјата.
Девалвирањето на успехот на Ракометниот Клуб Вардар.
Зошто човеку, ЗОШТО ?“, стои во соопштението објавена на социјалните мрежи