Дома Фудбал Репрезентации Колумбија до трето место на Копа Америка, го победи Перу во супер натпревар 🎥

Колумбија до трето место на Копа Америка, го победи Перу во супер натпревар 🎥

Колумбија и Перу одиграа одличен меч за третото место на Копа Америка.

На стадионот во Бразилија видовме пет гола, а на крајот се радуваа Колумбијците со 3:2 и тоа после пресврт. Јотун во последните минути од првото полувреме постигна гол за водство на Перу за на стартот на вториот дел Квардадо да изедначи со убав гол од слободен удар.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Диаз во 66. минута донесе предност за Колумбија, но на десетина минути пред крајот Лападула погодува и ги враќа работите на почетокот.

Се очекуваа продолженија, но длабоко во судиското продолжение Диаз го постигнува својот втор гол на натпреварот и носи победа за Колумбија.

Ќе потсетиме во ноќта која пред нас со почеток во 02:00 часот во финалето ќе се сретнат Бразил и Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед доаѓа од Серија А!

Како што пренесуваат италијанските и британските медиуми, Рубен Аморим ќе го напушти корми…