„Старата дама“ и понатаму бара потенцијално засилување во одбраната.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Јувентус ја забрзал потрагата по заменик за Стефан Лихштајнер кој наскоро ќе го напушти клубот после седум поминати сезони. Во овој момент на листата на актуелниот шампион на Италија има три имиња, а најновото име Сантијаго Аријас од холандски ПСВ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се работи за колумбиски десен бек кој оваа сезона игра прилично одбро и е стандарден во сите натпреварувања. Аријас со тимот на ПСВ има договор до летото 2019 година, а во овој клуб пристигна во летото 2013 од тимот на Спортинг.
Покрај Аријас како потенцијални засилувања за Јувентус се споменуваат Хектор Белрин кој има договор со Арсенал до 2023 година и Матео Дармијан кој оваа сезона баш и не добиваше многу простор за игра кај Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед.