Дома Фудбал Останато Колина денес слави роденден, ова е неговата најголема грешка во кариерата

Колина денес слави роденден, ова е неговата најголема грешка во кариерата

Пјерлуиџи Колина денес го слави својот роденден, па по тој повод медиумите потсетија на неговата најголема грешка во кариерата.

Ви текот на кариерата Колина ги судеше најголемите натпревари на клупско и репрезентативно ниво и многумина го паметат како најдобар судија во историјата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Најголемата грешка во кариерата Колина можеби ја направи во август 2005 година во реванш натпреварот од последното претколо во квалификациите за Лигата на шампионите помеѓу Евертон и Виљареал.

Данкан Фергусон скокна највисоко после едно уфрлување од корнер и ја затресе мрежата. Со тој гол Евертон обезбедеше продолженија. Меѓутоа Италијанецот мистериозно досуди фаул. Ситуацијата можете да ја погледнете на 3:50 од видеото.

Место натпреварот да оди во продолженија Виљареал длабоко во судиското продолжение постигна гол за 2:1 преку Диего Форлан и така обезбеди место во групната фаза од ЛШ. Виљареал во таа сезона стигна до својот најголем клупски успех, полуфиналето во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неодамна беше сопственик на гигант, сега банкротира

Основачот на Suning групацијата, Жанг Ѕиндунг, беше сопственик на Интер од 2018 до 2024 го…