Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Коларов: Утрешниот натпревар финале на мојата кариера

Коларов: Утрешниот натпревар финале на мојата кариера

Селекцијата на Србија утре го игра еден од најважните натпревари во својата историја.

„Орлите“ утре го играат последниот натпревар од групната фаза на Мундијалот во Русија и тоа против Бразил, за пласман во следната фаза потребна им е победа во овој натпревар.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Пред натпреварот на конференцијата за медиуми зборуваше капитенот на репрезентацијата Александар Коларов.

„Моето лично мислење е дека утре го играм финалето на кариерата. Играв многу натпревари, но оваа веројатно е најважната. Така и ќе пристапам, а мислам и дека останатите играчи тоа го знаат. Ова е Светско првенство, ве гледа целиот свет и играме натпревар каков што ретко се има во една кариера“.

„Ќе биде вистинска вечер. Кога ќе започнеш да играш фудбал, сакаш да играш со најдобрите. Лесно е да се биде најдобар помеѓу посалбите, но ти биде најдобар помеѓу најдобрите. Верувам дека сите се свесни што не чека утре и ќе уживаме во тоа“, изјави Коларов.

Натпреварот помеѓу Бразил и Србија се игра утре со почеток во 20:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Трилер завршница, Јунајтед испушти победа во последна минута

Лион и Манчестер Јунајтед одиграа исклучително возбудлив натпревар кој на крајот заврши бе…