Англиската Премиер лига е дом на неколку напаѓачи од светска класа, а на добар пат да стане еден од нив е и Маркус Рашфорд.
Оле Гунар Солскјер од доаѓањето на клупата на Црвените ѓаволи му даде главна улога, а тој му врати на најдобар можен начин.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рашфорд игра одлично во Премиер лигата, но и во ЛШ, па така со голот против ПСЖ во судиското продолжение го пласира Јунајтед во четврт финалето на ова натпреварување.
Во разговор за GQ Hype, Рашфорд откри на кои напаѓачи од Премиер лигата им се восхитува.
„Мислам дека најкомплетен напаѓач е Серхио Агуеро. Дури и кога нема свој ден, тој може да постигне три или четири погодоци. За мене е тоа особина на напаѓач која секогаш ќе ја изберам, кога не играте добар натпревар, но постигнувате погодоци. Тоа е вештина сама по себе.“ – истакна Рашфорд и додаде:
„Тука е и Хари Кејн, неговото позиционирање и движење е одлично. Многу паметен играч. Исто така, ми се допаѓа и Обамејанг.“