Дома Фудбал Останато Кои клубови трошат најмногу на плати? Атлетико е големо изненадување!

Кои клубови трошат најмногу на плати? Атлетико е големо изненадување!

Во фудбалерот веќе подолго време се врти огромна сума на пари, па пропорционално на тоа растат и платите на фудбалерите.

Спонзорските договори, ТВ правата и влезниците ги сочинуваат најголем дел од приходите на елитните фудбалски клубови, па поради тоа не чуди што им нудат одлични услови на фудбалерите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според најновите истражување, апсолутен рекордер не само во фудбалерот, туку во спортот воопшто е Барселона, која на своите фудбалери годишно им плаќа во порсек 10.5 милиони фунти.

Тоа е за една тритна повеќе од минатата сезона, и тоа благодарение на новите побогати договори на Меси, Пике, Бускетс и Умтити.

На второ место е Реал Мадрид со просек од 8 милиони фунти годишно, па следуваат два НБА тима, Голден Стејт и Оклахома.

Од фудбалските клубови нареден на листата е Јувентус со 6,7 милиони фунти по сезона, пред Јунајтед со 6,5 и Баерн со 6,4 милиони фунти.

Најголемо изненадување е Атлетико Мадрид кој издвојува повеќе пари за плати на играчите (6,2 милиони) од ПСЖ и Манчестер Сити кои имаат просек од 6,2 милиони фунти по фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aморим во Манчестер јунајтед има повеќе порази отколку победи

Манчестер јунајтед повторно ги разочара своите навивачи. Иако клубот вложи сериозни средст…