Дома Фудбал Останато Кога овој играч игра ПСЖ победува и не прима голови!

Кога овој играч игра ПСЖ победува и не прима голови!

Иако Нејмар е прва ѕвезда на ПСЖ и човек кој ги реши последните натпревари во Лига 1, ретко кој го забележа одличниот учинок на Идрис Гаје.

Гаје ова лето пристигна во ПСЖ од Евертон и сенегалскиот играч за врска брзо се адаптираше во новата средина, а во дресот на францускиот шампион одигра шест натпревари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во тие шест натпревари ПСЖ оствари шест победи и интересно е што даде 12 голови (два по натпревар) и не прими ниту еден.

Кога Гаје играше ПСЖ славеше против Тулуз (4:0), Мец (2:0), Стразбур (1:0), Реал Мадрид (3:0), Лион (1:0) и Бордо (1:0).

Во сенка е на Нејмар, Мбапе и останатите поголеми ѕвезди, но Гаје дефинитивно заслужи да се зборува и за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти плачел и го молел Касемиро да не заминува од Реал Мадрид

Бразилецот Касемиро заедно со Лука Модриќ и Тони Крос десет години царуваа на средината од…