Дома Фудбал Лига на шампиони Кога Меси ќе одлучи да го реши натпреварот: Дефанзивците на Лион не знаеа каде се! (ВИДЕО)

Кога Меси ќе одлучи да го реши натпреварот: Дефанзивците на Лион не знаеа каде се! (ВИДЕО)

Барселона вчера на својот „Ноу Камп“ го разби Лион со 5:1 во реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите (првиот натпревар заврши 0:0) и така обезбеди место во четвртфиналето.

Уште еден одличен настап вчера прикажа Лионел Меси кој беше човек на одлука. Постигна два гола и запиша две асистенции.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кога Лион во 58-та минута намали на 2:1 изгледаше дека ситуацијата за Барселона може да се искомплицира бидејќи при таков резултат на Лион му недостасуваше еден гол за пласман во следната фаза.

Меѓутоа Лионел Меси во 78-та минута го постигна својот втор гол на натпреварот и зголеми на 3:1. Тогаш беше јасно дека Лион повеќе нема шанси.

Меси сам ја повлече топката и со одличен дриблинг се ослободи од Денајер и Марсело после што го матираше голманот на Лион.

До крајот на натпреварот Меси запиша уште две асистенции, а погодуваа Пике и Дембеле.

https://www.youtube.com/watch?v=1MR5mvE9-lc

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Алонсо сонува за две ѕвезди на Ливерпул, но Перез има други планови

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, верува дека ќе остане на кормилото на својот клуб и …