Дома Фудбал Останато Кога кај нас вака? – Дербито помеѓу Звезда и Партизан ќе се пренесува по светски стандарди!

Кога кај нас вака? – Дербито помеѓу Звезда и Партизан ќе се пренесува по светски стандарди!

Нема да може да се повтори ситуацијата од 158-то вечно дерби.

Денешното 160-то вечно дерби помеѓу Црвнеа Звезда и Партизан ќе се пренесува на две телевизии (Арена Спорт и 02). Во нашата земја оние кои ќе сакаат ќе можат да го проследат на Арена Спорт.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во Србија ќе можат да го гледаат онаа за која што ќе се одлучат додека кај нас тоа во овој момент изгледа како нешто незамисливо, за жал.

Освен секој милиметар на стадионот „Рајко Митиќ“ ќе биде прекриен со камери, ќе има и подвижни кранови со најнова опрема, така да не ќе може да се случи ситуација како во 158-то дерби кога не се знаеше дали топката ја мина гол линијата.

Дербито се игра во 19:00 часот, а програмата на „Арена Спорт“ ќе започне во 17:30 часот каде што ќе присуствуваат гости кои го носеле дресот на двата клуба.

Навистина нешто за што ние кога е македонскиот фудбал во прашање ќе почекаме сигурно уште долго време…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арбелоа мора да го победи Елче, но да мисли и на реваншот со тимот на Гвардиола

Реал Мадрид вечерва го пречекува Елче, а Алваро Арбелоа ќе ги одмори некои од првотимците …