На Пеп Гвардиола одлично му оди во Манчестер Сити, но до кога Шпанецот ќе остана на „Итихад“?
Пеп Гвардиола наскоро ќе започне преговори со клубот за потпишување на нов договор, тоа го потврди и добро информираниот новинар на „Скај Спорт“ Гилијам Балаг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој ги искористи своите инсјадерски информации и пренесе вест за Пеп Гвардиола, иначе тој напиша и биографска книга за стратегот на Манчестер Сити кој го носеше името „Пеп Гвардиола – Победа на поинаков начин“.
„Како што стојат работите, Пеп има само уште една година од договорот до истекот на својот тригодишен кој го потпиша при пристигнувањето во Манчестер и скоро незамисливо е да не ја продолжи соработката. Иако сеуште немало преговори на таа тема, управата на Сити добро го знае начинот на кој Пеп работи, односно дека секогаш преговори за нов договор започува на крајот од сезоната“.
„Продолжување на соработката уште две години е исто така незамисливо бидејќи Пеп тоа не го правеше ниту во времето додека ја водеше Барселона. Најверојатно тој на крајото д сезоната ќе го продолжи договорот кој му истекува во 2019 година на уште една, односно до јуни 2020 “, изјави Балаг.
Иначе, тимот на Пеп оваа сезона игра одлично. „Граѓаните“ се лидери во Премиер лигата со пет бодови повеќе од Манчестер Јунајтед, а утре одиграат барем реми против Наполи во Лигата на шампионите ќе го обезбедат и пласманот во нокаут фазата.