Дома Трансфер зона Кога е Сергеј во прашање за Лотито нема криза: Кој го сака нека плати – 120 милиони евра!

Кога е Сергеј во прашање за Лотито нема криза: Кој го сака нека плати – 120 милиони евра!

Ефект на пандемијата од коронавирусот сигурно ќе се почувствува и во светскиот фудбал, не само во смисла на спортски активности, туку и во сферата на економските случувања.

Вредноста на одредени клубови и играчи падна во некои случаи за повеќе од 30%. Меѓутоа Клаудио Лотито нема намера да ја намали цената за Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Додека спортскиот директор на Лацио, Игли Таре најавува дека играчите и стручниот штаб по пример на Јувентус, Интер и многу клубови ширум Европа привремно ги намалија платите, тврдиот преговарач Лотито не попушта за него Сергеј и во оваа ситуација вреди 120 милиони евра.

Поради кризата астрономски суми летово тешко може да се очекуваат, но така не мисли Лотито барем не за неговиот играч.

Ова веројатно значи дека Сергеј и ова лето нема да го напушти Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…