Дома Македонски спорт Мак фудбал Ковид-19 го откажа баражот за влез во Втората лига запад, новиот второлигаш ќе се решава со ждрепка

Ковид-19 го откажа баражот за влез во Втората лига запад, новиот второлигаш ќе се решава со ждрепка

Oд ФФМ денес потврдија дека се откажува баражот за влез во втората лига кој требаше да се одигра утре.

ФФМ оваа одлука ја потврди на својот официјален сајт преку соопштение. Патникот од оваа конкуренција во втората лига ќе биде одлучен преку ждрепка.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


“Натпреварувачката комисија во Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за откажување на бараж натпреварите за пополнување на Втора МФЛ – Запад.

Одлуката е донесена откако резултатите од тестирањето за коронавирус – Covid-19 потврдија дека вкупно 13-ет фудбалери од екипите на ФК Чаклани и ФК Фортуна се позитивни на Covid-19.

Според пропозициите за натпреварување, ждреб ќе одлучи која од трите екипи, ФК Чаклани, ФК Фортуна и ФК Велешта ќе обезбеди место во Втора МФЛ – Запад за натпреварувачката сезона 2020/21.

Откако ќе бидат добиени резултатите од тестирањето за коронавирус – Covid-19 на екипите на ФК Росоман и ФК Слога Виница, Натпреварувачката комисија ќе одлучува во однос на одигрувањето на натпреварот за пополнување на Втора МФЛ – Исток“, стои во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Реал почна преговори со ѕвездата на Ливерпул

Реал Мадрид веќе почнал преговори со десниот бек на Ливерпул, Тренд Алексадер Арнолд, прен…