Откако Струга за потенцијален противник во второто квалификациско коло го доби турскиот гигант Галатасарај (ТУКА), во Нион се извлекоа и потенцијалните противници на Шкендија, Шкупи и Македонија Ѓорче Петров кои се дел од квалификациите за Конференциската лига.
Ако Македонија Ѓорче Петров успее да ја помине РФС Рига од Летонија, тогаш ќе оди на двомеч со азербејџанскиот Сабах.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шкендија која во првото коло игра против Хаверфордвест од Велс во второто квалификациско коло би играла против подобриот од дуелот помеѓу Б36 Торшван од Фарски Острови и Паиде од Летонија.
Најпознат противник за нашата јавност доби Шкупи, кој ако биде подобар од литванскиот Хегелман ќе игра против Левски од соседна Бугарија.
Натпреварите од второто коло во Конференциската лига се играат на 27-ми јули и 3-ти август.