
Српскиот фудбалер Лука Јовиќ, според многу информации од Шпанија, нема долго да се задржи на Бернабеу.
Јовиќ пристигна во Реал летото 2019. година од Ајнтрахт, но не ги оправда очекувањата и веќе се месеци се шпекулира дека ќе ја промени средината.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Шпекулациите не престануваат ни откако Зидан најави дека ќе смета младиот напаѓач и наредната сезона, па така сега се споменува заминување во Англија, поточно во Лестер кој нуди 35 милиони евра.
Медиумите од Островот пишуваат дека Роџерс го гледа Јовиќ како дел од тандем со најдобриот стрелец во екипата Варди, а Лисиците наводно го контактирале и агентот на играчот.
Исто така се споменува дека Лестер и претходното лето сакал да го донесе Јовиќ, но тогаш немале шанси за преговори со Реал Мадрид.
Во актуелната сезона Јовиќ за Реал постигна само два погодоци.