Поранешниот клуб на Кристиано Роналдо, Спортинг Лисабон повторно прави обид да го врати Португалецот во своите редови.
Спортинг еднаш направи обид да го донесе Роналдо во Лисабон, бидејќи Португалецот сака по секоја цена да го напушти Манчестер Јунајтед и да се пресели во клуб кој игра во Лигата на шампиони.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Тогаш неговиот агент Жорге Мендеш ја одби понудата од Спортинг, бидејќи сметаше дека некој од европските гиганти ќе покаже интерес да го ангажира Роналдо.
Како што поминува времето, така шансите на Спортинг се се поголеми, бидејќи Роналдо се уште не може да си најде нов клуб.
Спортскиот директор на Спортинг, Уго Виана започнал разговори со Манчестер Јунајтед да го пушти Роналдо како слободен агент, односно на едногодишна позајмица.