Дома Фудбал Англија Клоп јасен: Ако мене ми се случи такво нешто веднаш ќе го прекинам натпреварот

Клоп јасен: Ако мене ми се случи такво нешто веднаш ќе го прекинам натпреварот

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги повика делегатите и судиите да ги прекинуваат натпреварите доколку има расистички навреди упатени кон играчите на теренот.

Клоп зборуваше за натпреварот помеѓу Црна Гора и Англија во која домаќините на расна основа го навредуваа Рахим Стерлинг, Англискиот селектор, Герет Саудгејт го прашаа заошто не го повлекол тимот од теренот, а тој одговори дека таа одлука не може да ја донесе тој.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Јасно ми е зошто Герет не им кажа на играчите да го напуштат теренот, но мислам дека мораме да испратиме јасна порака дека такво однесување не смее да има. Не знам како тоа да се изведе, ако ги прекинуваме натпреварите поради тројца или четворица идиоти, им даваме преголема моќ. Но ако тоа го прави цела трибина, тогаш натпреварот мора да биде прекинат. Јас тоа прв ќе го направам ако се најдам во таква ситуација“, изјави Клоп пред натпреварот помеѓу Ливерпул и Тотенхем кој се игра овој викенд.

„Тука не мислам само на расизмот туку и на слично девијатно однесува како што е влегувањето на терен и удирањето на играчи“, додаде Клоп.

Свој коментар на оваа тема даде и Пеп Гвардиола.

„Мислам дека би требало да се прекинуваат натпреварите бидејќи фудбалот има доволно моќ да испраќа пораки во светот. Не е проблем само во фудбалот, туку општо во светот“, смета Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…