Дома Фудбал Англија Клоп презадоволен: Скоро се беше совршено, од Салах немам што повеќе да барам

Клоп презадоволен: Скоро се беше совршено, од Салах немам што повеќе да барам

klop

Ливерпул денес со 2:1 на „Енфилд“ славеше над тимот на Лестер, а херој во овој натпревар беше кој друг ако не Мохамед Салах.

Салах беше стрелец на двата погодоци за „црвените“, а така стигна до 17 погодоци во Премиер лигата, а 23 вкупно во сезоната, со што го изедначи рекордот на  Роџер Хунт по бројот на голови на еден фудбалер на Ливерпул до Нова година.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


После овој натпревар своето задоволство не го криеше стратегот на овој тим Јирген Клоп.

„Нема поголемо задоволство од тоа да се добие натпревар на ваков начин. Денес скоро се беше совршено. Нашата реакција после примениот гол беше најдобра која некогаш сум ја видел. Публиката беше одлична и не носеше сите нас до победа“, изјави тренерот на Ливерпул кој потоа зборуваше за Салах.

„Што да се каже за него има неверојатен дриблинг и визија. Не можам да барам повеќе“, зборуваше задоволниот Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…