Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп пред одлучувачкиот меч: Ако судијата суди добро, ќе поминеме!

Клоп пред одлучувачкиот меч: Ако судијата суди добро, ќе поминеме!

Пред одлучувачкиот натпревар во ЛШ помеѓу Ливерпул и Наполи, тренерот на „црвените“ Јирген Клоп порача дека неговиот тим ќе се пласира во следната фаза ако судијата добро го суди мечот.

Ливерпул вечерва на „Енфилд“ го пречекува Наполи и потребна му е победа од два гола разлика, или точно 1:0, колку што заврши првиот дуел во Неапол.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Знаеме дека во Неапол не бевме доволно добри, исто како што не бевме добри во Париз и Белград. До сега на домашен терен бевме добро, но мора да бидеме подобри. Ако судиските одлуки бидат добри и правични, тогаш мислам дека сигурно ќе одиме во следната фаза“, истакна Клоп.

„За да победиме мораме да бидеме концентрирани и да ја свртиме ситуацијата во наша корист. Мораме да направиме посебна атмосфера и да го искористиме тоа. Наполи е одличен тим, имаме респект, но сакаме да победиме по секоја цена“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Готово: Сити го договори трансферот на Черки

Манчестер Сити и Лион постигнаа целосен договор за трансферот на Реан Черки. Според „Екип“…