Дома Фудбал Англија Клоп најмногу вложи, ама ќе продава и на големо: Голема „чистка“ кај „Црвените“

Клоп најмногу вложи, ама ќе продава и на големо: Голема „чистка“ кај „Црвените“

Кога се англиските премиерлигаши се во прашање, Ливерпул трошеше најмногу на засилувања за следната сезона. Сепак, британските медиуми сега пренесуваат дека на „Енфилд“ одлучиле да вратат нешто пари во касата со продажба на играчи на кои Клоп не смета во иднина.

Ливерпул така на засилувања за следната сезона потроши околу 185 милиони евра. Стигнаа на Енфилд, Фабињо, Шаќири и Алисон, а конечно на Црвените им се придружи и Наби Кеита.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Јирген Клоп досега одобри продажба само на еден играч, а тоа е Дани Вард кој за 14 млиони замина во Лестер.

Сепак, Црвените наскоро би можеле да заработат дополнителни 60-70 милиони евра и тоа со продажба на четворица играчи.

Еден од нив е Дани Ингс. Како што се наведува за неговите услуги е заинтереисран Кристал Палас, а Ливерпул сака да го продаде за околу 23 милиони евра.

За овој напаѓач заинтересирани се уште и Лестер, Њукасл и Саутемптон, а тој сам како што се наведува одлучил да го напушти Ливерпул, иако Клоп првобитно сака да го остави во тимот.

Голманот Мињоле е блиску до трансфер во Бешикташ за 13-14 милиони фунти, додека заборвениот Лазар Марковиќ би можел да биде продаден на Олимпијакос за 5,5 до 8 милиони фунти.

Последен член во листата „непосакувани“ е Ориги кој минатата сезона ја мина во Волфзбург на позајмица. За неговите услуги е заинтересирана Валенсија, а Црвените ќе бараат 22-23 милиони евра за неговиот трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Навреди кон Фоден, Пеп вели – недостаток на класа, тоа не е Јунајтед

Дербито на Манчестер не го одбележаа ниту добри шанси ниту убав фудбал. Голови немаше, но …