Дома Трансфер зона Клоп најде нов голман – и тоа во Украина!

Клоп најде нов голман – и тоа во Украина!

Финалистот во Лигата на шампиони, тимот на Ливерпул е фаворит за потписот на украинскиот талентиран голман Андреј Лунин, пренесуваат англиските медиуми.

19-годишниот Лунин се смета за еден од најголемите таленти и еден од најперспективните голмани во Европа, па за неговиот потпис се борат многу европски гиганти како Интер, Јувентус, Ливерпул…

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Оваа сезона Лунин запиша 28 настапи за Зорија од кои дури 10 пати ја зачува својата мрежа. Притоа, минатот месец голманот дебитираше и за украинската репрезентација.

На крајот на сезоната истекува неговиот договор со украинскиот клуб, па Лунин ќе биде слободен агент, што го прави уште поинтересен за европските клубови.

Меѓутоа, последните информации од Островот говорат дека токму Ливерпул е во пол позиција за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…