Дома Фудбал Останато „Клоп мора да освои трофеј оваа сезона“

„Клоп мора да освои трофеј оваа сезона“

Германскиот стратег, Јирген Клоп мора да освои трофеј со Ливерпул оваа сезона и не смее да ја пропушти приликата во Лига Купот, вели поранешниот фудбалер на „Црвените“ Фил Томпсон.

Со шест победи на почетокот на првенството, Ливерпул е клуб со најдобар учинок во Премиер лигата. Екипата од „Енфилд“ триумфално го започна натпреварувањето и во Лигата на Шампионите, откако го победи ПСЖ.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Денеска тимот на Јирген Клоп ќе го започне натпреварувањето во Лига Купот против Челзи.

„Беше одлично кога Ливерпул победи. Јирген Клоп мора да освои трофеј оваа година. Има квалитетен тим и треба да освои барем еден трофеј. Не би го зел Лига Купот како здраво за готово. Многумина не го сфатија сериозно натпреварувањето, верувајќи дека подобро ќе поминат во Европа или Премиер лигата“, изјави Томпсон.

Натпреварот на „Стемфорд Бриџ“ се игра во сабота од 18:30.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…