Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп: Ливерпул против Милан е фудбалска класика

Клоп: Ливерпул против Милан е фудбалска класика

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го определи дуелот со Милан во Лигата на шампиони како фудбалска класика.

Клоп потенцираше дека ова е исклучително тешка група, бидејќи покрај Милан, тука се уште Атлетико Мадрид и Порто.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Кога зборуваме за европски фудбал, Ливерпул против Милан е класика која мора да се гледа. Милан не играше во ЛШ неколку години, но тимот има фантастичен прогрес во последните 18 месеци. Силно ја отворија сезоната и не очекува тежок меч“, истакна Клоп.

„Има неколку интересни дуели во ЛШ оваа сезона, а ова е еден од нив. Европските вечери на Енфилд се нешто специјално, немам трпение да започне овој натпревар. Нашата група е многу тешка, Атлетико е шампион на Шпанија, а Милан еден од најголемите во Европа“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Tудор искрено по лудилото против Дортмунд: Доста ми е од вакви натпревари…

Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, со насмевка го прокоментира новиот неверојатен натпревар…