Менаџерот Јирген Клоп за малку ќе се степал со Џејмс Милнер на тренинг, тврди бившиот играч на Ливерпул Рагнар Клаван.
Инцидентот се случил во јануари 2017 година, после ремито на Ливерпул со Сандерленд, кога Клоп беше под голем притисок поради лошите резултати.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Најголемиот притисок беше околу Божиќ и почетокот на јануари. Во една прилика, не се сеќавам против кого точно игравме, мислам против Сандерленд, Клоп и Милер за малку ќе се истепаа. Милнер во последен момент отстапи“, открива Клаван.
„На Клоп во очите му се гледаше дека е спремен да оди до крај. За него тоа беше стресно време, беше под притисок. Што да прави? Имаш репутација на добар тренер, тренер кој сите играчи ги претвара во ѕвезди. Беше под голем притисок, тоа му беше втора година на клупата на Ливерпул“, додаде Клаван.