Ливерпул вчера изгуби од ПСЖ во рамките од Лигата на шампионите и во последното коло на „црвените“ ќе им биде потребна против Наполи за пласман во нокаут фазата.
Јирген Клоп после натпреварот секако не беше задоволен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не проблемот што изгубивме, не е пријатно, но уште многу тимови ќе изгубат во Париз, тие се одлична екипа. Проблемот е во критериумот во второто полувреме, направија од нас месари, а ние сме една од најкоректните екипи во Англија. Се валкаа по теренот и изнудија 500 прекини“.
„Воопшто немаше игра, но што да се прави. Ние имаме големо финале против Наполи и тоа ни е последната шанса“, изјави Германецот.
Ливерпул во нокаут фазата од Лигата на шампионите го води само победа против Наполи, во случај на реми ќе се радуваат Италијанците.