Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп: Изгледа како да сме веќе елиминирани, па нема што да загубиме

Клоп: Изгледа како да сме веќе елиминирани, па нема што да загубиме

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека неговиот тим нема што да загуби пред утрешниот реванш со Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

Ливерпул го загуби првиот меч во Мадрид со 3:1, па утре ќе се обиде да направи голем пресврт и да се пласира во полуфинале.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Кога си го загубил првиот меч со 3:1, изгледа дека веќе си елиминиран, па нема што да изгубиш. Ние сигурно ќе се обидеме да се пласираме во полуфинале и ќе дадеме се од себе. Ние во првиот меч не бевме доволно добри како што знаеме да бидеме. Дополнителен проблем е што нема да има фанови на стадионот, па самите треба да создадеме специјална атмосфера“, истакна Клоп.

„Квалитетот на Реал го знаеме сите, после нас ја победија и Барселона. Треба да се браниме на најдобар можен начин, но и да напаѓаме организирано за да се обидеме да ја анулираме предноста“, додаде Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Навивачите на Реал Мадрид: Избркајте го Винисиус, а во напад доведете го хрватскиот ѕвер

Навивачите на Реал Мадрид добија можност самите да го изразат своето мислење за потенцијал…