Дома Фудбал Англија Клоп: За некои клубови парите не се проблем, бидејќи се сопственост на цели држави

Клоп: За некои клубови парите не се проблем, бидејќи се сопственост на цели држави

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека неговиот тим може да продолжи да освојува трофеи без да потроши многу пари на засилувања ова лето.

Клоп уште еднаш потврди дека Ливерпул нема да има голем буџет за трансфери ова лето и не пропушти шанса да ги „пецне“ клубовите кои трошат големи суми.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Во моментов живееме во многу несигурен свет. За некои клубови тоа не изгледа многу важно, бидејќи се во сопственост на цели држави или олигарси. Тоа е вистината. Ние сме различен клуб од нив“, изјави Клоп.

„Игравме две финалиња во Лигата на шампиони. Минатата сезона станавме шампиони. Мислам дека можеме да продолжиме со успеси и без да трошиме големи суми за трансфери“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид подготвувал спектакуларна размена со Арсенал – познато кои фудбалери биле вклучени

Реал планираше да размени играчи со Арсенал. Бразилскиот напаѓач Родриго (24) ќе заминеше …