Дома Фудбал Останато Клоп го откри најдобриот тим во светот, а тоа не е Ливерпул

Клоп го откри најдобриот тим во светот, а тоа не е Ливерпул

Да се постигнат шест победи на стартот од сезоната не е лесно во ниту една лига, а камо ли во Премиер лигата.

Ливерпул се издвојува за прв фаворит на англиското првенство во остатокот од сезоната по шестте победи на стартот од сезоната. Меѓутоа, Јирген Клоп смета дека неговиот тим не е најдобар во светот, туку тој епитет му припаѓа на Манчестер Сити. „Граѓаните“ овој викенд го победија Вотфорд со 8:0, а германскиот стратег воопшто не беше изненаден од резултатот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Имавме таму слична ситуација кога загубивме со 5:0, ако имате 10 играчи Манчестер Сити е најлошото место за да бидете тука. Веќе реков, навистина мислам дека се најдобар тим во светот. На моменти се брилијантни, ни и ние не сме лошо. Така стојат работите. Зборувате за титулата, а има 32 натпревари до крајот. Сега е шесто коло, малку е прерано за такви приказни“, изјави Клоп.

Ливерпул вшера го победи Челзи со 1:2 и ја задржа предноста пред Манчестер Сити од пет бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Откриен медицинскиот извештај кој покажа зошто Мбапе ослабе шест килограми за неколку дена

Светските медиуми во текот на целиот ден пишуваат на оваа тема, наведувајќи информации кои…