Фелипе Кутињо ова лето беше на работ да премине во редовите на Барселона, но на крајот тој остана во Ливерпул, а сега Клоп тврди дека тој е целосно посветен на натпреварите на Ливерпул.
Покрај Клоп и Кутињо неодамна повтрди дека навивачите нема потреба да се грижат и дека тој сега во целост ќе се посвети на настапите во Ливерпул, на истата тема Клоп зборуваше на прес конференција за медиумите.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Летните проблеми се минато, Кутињо сега е целосно посветен на Ливерпул и добро е што го имаме во тимот. За нас најважно е што тој е во одлична форма. Според мене во овој момент не треба да разговараме за минатото, на крајот сите сме професионалци и треба да ја прифатиме ситуацијата таква каква што е“, изјави Клоп.
Да потсетиме, Кутињо беше и стрелец на последниот натпревар во Лигата на шампионите во кој Ливерпул одигра 1:1 против тимот на Спартак Москва.