НБА ѕвездата Клеј Томпсон во наредната сезона ќе го носи дресот на Далас Маверикс.
Томпсон си замина од редовите на Голден Стејт и сега ќе биде соиграч со Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг со кои ќе се обиде да дојде до шампионскиот прстен.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во Далас Томпсон ќе заработи 50 милиони долари, а последната година од договорот е опција за играчот. Вориорси од друга страна го добија Џош Грин кој веднаш ќе биде испратен во Шарлот.
Нема дилеми дека Томпсон се очекува да биде големо засилување за Далас, а како се ќе изгледа на теренот останува да видиме во сезоната.