Kaјри Ирвинг предизвика големо внимание со своето барање за трејд од Бруклин, а сега е познато и каде ќе ја продолжи кариерата една од најголемите ѕвезди во НБА во овој момент.
Адријан Војнаровски, новинарот на „ЕСПН“ кој секогаш важи за добро упатен со случувањата во најсилната кошаркарска лига објави дека Ирвинг ќе продолжи во Далас и ќе игра заедно со Лука Дончиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имало интерес и од Лејкерс, но на крајот Бруклин се договорил за трејд со Далас. За Ирвинг Бруклин ќе ги добие Спенсер Динвиди, Доријан Дини Смит и изборот на првата рунда на драфтот во 2029 година.
Бруклин секако не сакаше да остане без еден од своите најдобри кошаркари, но на крајот пресуди желбата на ѕвездата за прекин на соработката. Секако дека Далас со Ирвинг во составот драстично си ги зголемува шансите за повисок пласман.
The Mavericks are sending Dorian Finney-Smith, Spencer Dinwiddie, a 2027 first-round pick and second round picks to the Nets, sources tell ESPN. https://t.co/PUMhhYeDnQ
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) February 5, 2023