Легендарниот Едисон Кавани, познат и како „Ел Матадор“ ужива во Аргентина каде што го носи дресот на Бока Јуниорс.
Уругваецот во Буенос Аирес игра во одлична форма и оваа сезона има учинок од шест голови на девет настпревари. Последните два ги постигна против Централ Норт во купот, а посебно спектакуларен беше голот со „ножички“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Летото 2023 година, Кавани се врати во Јужна Америка по 16 години откако во 2007 го напушти својот матичен клуб Данубио. Подоцна го носеше дресот на Палермо, Наполи, Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед и Валенсија.
Во својата голема кариера вкупно постигна повеќе од 400 голови и беше најдобар стрелец во историјата на ПСЖ додека тој рекорд не го сруши Килијан Мбапе.
Edinson Cavani proving why class is permanent 🚲
— B/R Football (@brfootball) March 24, 2024
(via @TyCSports)pic.twitter.com/UsuD519NxB