Од моментите кога Ѓоковиќ поминуваше низ тежок период во Австралија и кога Ник Кирјос му искажа јавна поддршка односот помеѓу нив двајца значително се подобри.




Во неделата Ѓоковиќ го победи Кирјос во финалето на Вимблдон. Пред овој меч двајцата се обложија победникот да части вечера и пијачка. Ѓоковиќ победи, па Кирјос си го побара заслуженото.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Каде е мојата вечера?“, запраша Кирјос преку социјалните мрежи.




Набрзо стигна одговорот на Ѓоковиќ.




„Извини дургар. Ги побарав рестораните во Лондон во неделата вечерта, но немаа слободна маса. Честам вечера во Њујорк“, гласеше одговорот на Ѓоковиќ.
