Maкедонската ракометна икона Кирил Лазаров иако има 39 години се уште важи за еден од најдобрите светски рекометари.
Лазаров сега во интервју за српскиот медиум „Независни новине“ даде едно поголемо интервју во кое зборуваше за интересни работи за ракометот, но и неговиот приватен живот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во едно прашањата Лазаров го опиша неговиот ракометен пат кој го започна во родното Свети Николе.
„Долг и тежок пат со многу откажувања. Тоа не може да се опише во неколку реченици. Само моите најблиски ја знаат колку требаше да се жртвувам за изградам ваква кариера. Искрено ме следеше и среќа, иако според моето мислење среќата треба и да се заслужи. Најважно е секогаш да одиш по патот кој си го замислил. Многу сум тврдоглав и никогаш не се откажувам. Не знам дали тврдоглавоста е позитивна работа или недостаток, но кога се ќе се собере и одземе мислам дека е второто. Одев скала по скала се консултирав со луѓето кои ме опкружуваат, но секогаш одлуката ја носев сам“.
Колку ви значи што ве сметаат за еден од најдобрите на сите времиња и што ве нарекуваат ракометниот Меси.
„Мило ми е што е така. Но, има и такви кои чекаат моја најмала грешка да ме оцрнат, можам да кажам дека и тие се многу заслужни за мојот успех бидејќи ги гледав како голема мотивација. Каде и да играв секаде давав се од себе“.
Можеби не знаевте дека едно време Лазаров тренирал и кошарка…
„Тоа е уличен спорт и можете да играте и еден на еден, додека за ракомет ви се потребни 14 луѓе за да играте. Не бев лош кошаркар, дури и играв некои натпревари во младинските лиги. Но, ракометот во моето родно место беше повеќе популарен и затоа се одлучив за него. Мојот татко воопшто не беше задоволен што тренирав кошаркар и затоа подоцна се префрлил на ракомет“.
За крај на кариерата…
„Ќе ја завршам кариерата ов Нант, тоа е сигурно. Скоро сигурно ќе останам во спортот, во ракометот. Имам неколку опции во главата и времето ќе покаже за кој пат ќе се одлучам“.
За репрезентацијата на Македонија…
„Националниот дрес го носам од 1997 година. Многу сум горд на него. Македонија е ракометна земја и треба да го негуваме овој спорт. Луѓето во Македонија сакаат ракомет. Кажав дека верувам во чуда и тежнеам кон тоа. Македонија има нова генерација која е талентирана и потребна е наша помош за младите да бидат уште подобри. На еден народ кој сака спорт и ракомет не смееше тоа да не му го дозволиш“.