Голем број европски клубови одлучија да ја намалат платата на фудбалерите, на оваа тема сега зборуваше Рој Кин.
Економијата ширум светот е во голем пад поради пандемијата со коронавирусот, па затоа клубовите побараа од играчите да прифатат намалување на платите. Меѓутоа некои не сакаа сите да добиваат помала плата, Месут Озил кој во Арсенал има неделна плата од 350.000 фунти е еден од оние кои одбија такво нешто.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во негова, но и во општа заштита на фудбалерите кои имаат таков став застана легендарниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Рој Кин. Кин јасно кажа дека не би прифатил да му се намали платата и го објасни својот став.
„Не знам како би се носел со тоа. Играчите трпат многу критики, но искрено јас не би прифатил намалување на платата ако сум во некој голем клуб во овој момент. На никој не треба да му биде гајле што прави со својата плата. Исто така играчите не треба да бидат под притисок на клубовите. Луѓето си имаат договори, тоа е нивна работа и идејата да им се намалуваат платите нема никаква смисла. Ме изненадува што многу луѓе критикуваат и зборуваат како да е тоа нивна работа“, изјави Кин.
Озил е најкритикуваниот фудбалер на оваа тема, повеќе жестоките критики кои ги доби – тука.