Дома Фудбал Англија Жестоки критики за Озил: Зимаш 350.000 фунти да играш Плејстејшн и сега одбиваш намалување – засрами се!

Жестоки критики за Озил: Зимаш 350.000 фунти да играш Плејстејшн и сега одбиваш намалување – засрами се!

Meсут Озил е еден од тројцата фудбалери на Арсенал кои одбија намалување на платите за 12% додека трае пандемијата од коронавирусот.

Германскиот фудбалер во Лондон заработува 400.000 евра неделно, Арсенал се обидува да се ослободи од него поради преголемите примања, но токму поради тие примања не може да пронајде купувач. Озил разочаран од односот на Арсенал не сака да му помогне на клубот во овие моменти.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пиерс Морган, големиот навивач на Арсенал и ТВ водител е шокиран од потегот на 31 годишниот играч за врска.

„Засрами се Месут! Младите играчи кои во споредба со тебе заработуваат ситница прифатија намалување, а ти кој добиваш толку не сакаш…Срамно! Поради таквите како тебе уништен е угледот на фудбалерите. Ти заслужуваш да ти се расипе угледот. Еден од најплатените си во светот, најплатен во Арсенал, зимаше 350.000 фунти да играш Плејстејшн и сега одбиваш намалување на платата…Срам си!“.

Озил сезонава одигра 23 натпревари постигна еден гол и запиша три асистенции. Дресот на Арсенал го носи од 2013 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…